Политика за приватност
Последно ажурирање: 09.09.2025
При процесот на купување и користење на веб-страницата www.bioshop.mk, се смета дека си запознаен со оваа Политика за приватност и дека ги прифаќаш условите под кои ги обработуваме твоите лични податоци.
БИОШОП ДООЕЛ Скопје (Друштво за трговија и услуги БИОШОП ДООЕЛ Скопје), со седиште на бул. Борис Трајковски бр. 140, 1000 Скопје, e-mail: contact@bioshop.mk, заведено во Регистарот на деловни субјекти на 06.02.2025 година (матичен број: 7850190, ЕДБ: 4058025551691, регистр. дејност 47.780 – Трговија на мало со разновидни производи; во натамошниот текст: „BioShop“, „Друштвото“, „веб-страницата“ или „Ние“), ја почитува и заштитува приватноста на секое лице чии лични податоци ги обработува.
Обработката ја вршиме согласно Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на РСМ“ бр. 42/20 и 294/21) (во натамошниот текст: „Законот“). Во продолжение се опишани видовите лични податоци што ги собираме, целите и правните основи за обработка, роковите на чување, корисниците/обработувачите и твоите права.
1. Општи информации и контролор
Контролор на обработката е БИОШОП ДООЕЛ Скопје, бул. Борис Трајковски бр. 140, 1000 Скопје. Контакт e-mail: contact@bioshop.mk. Офицер за ЗЛП: Невена Роглева, n.rogleva@bioshop.mk.
2. Основни поими
- Личен податок – секоја информација за идентификувано или физичко лице кое може да се идентификува.
- Обработка – секоја операција врз лични податоци (собирање, чување, откривање, бришење итн.).
- Контролор – лицето што ги утврдува целите и средствата на обработка.
- Обработувач – лице што обработува податоци во име на контролорот.
- Посебни категории податоци – податоци за здравје, биометрија, верски убедувања и сл. Ние не ги обработуваме овие категории, освен ако тоа е законски барано или доброволно дадено.
- Лични податоци за деца – лица под 14 години. Ние не собираме податоци од деца; за услуги на информатичко општество обработуваме податоци за лица над 15 години согласно Законот.
3. Принципи на обработка
- Законитост, правичност и транспарентност.
- Ограничување на целите.
- Минимизација и релевантност на податоци.
- Точност и ажурност.
- Ограничување на рокови на чување.
- Интегритет и доверливост со соодветни мерки.
4. Лични податоци што ги обработуваме
Во зависност од интеракцијата, можеме да обработиме:
- Име и презиме, пол, датум и место на раѓање.
- Адреса за живеење/испорака и адреса за подигање при враќање.
- E-mail адреса, мобилен/фиксен телефон.
- Број на тековна сметка (само за поврати на средства при враќање производ).
- Подаци од Политиката за колачиња (види Политика за колачиња).
Број на платежна картичка и CVV/CVC не се обработуваат од BioShop.
5. Начин на собирање лични податоци
а) При купување на производи
Обработуваме податоци за процесирање на нарачки: име и презиме, пол, адреса за испорака (улица, број, град, поштенски број), телефон, e-mail. За реализација на платежни трансакции, ги откриваме потребните податоци (име, презиме, пол, адреса) на Халк Банка АД Скопје, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје (како давател на платежни услуги), само во обем потребен за извршување на трансакцијата и законските обврски (СПН/ФТ, известувања до органи и сл.). За достава, на курирските служби им откриваме име/презиме, адреса и телефон.
б) Регистрација на сметка
За креирање сметка: име и презиме, пол, град/адреса, e-mail, датум на раѓање (опционално) и мобилен телефон. E-mail може да се користи за известувања (директен маркетинг) само по твоја согласност. Датум на раѓање се користи за честитки по избор.
в) Остварување на законски права
За право на повлекување, приговор, откажување: име и презиме, пол, адреси, телефон, e-mail, број на тековна сметка за поврат. За враќања – доставуваме потребни податоци до курир/банка.
г) Директен маркетинг (Newsletter, SMS/WhatsApp/Viber)
Со пријава ни даваш согласност да обработуваме e-mail и/или телефон за известувања, лојалност, наградни игри и ваучери. За испраќање ваучер, e-mail може да се сподели со деловен партнер исклучиво за таа цел.
д) BioShop лојалти клуб
За членство: име и презиме, адреса/град, пол, датум на раѓање, e-mail. E-mail може да се користи за новости за клубот само со согласност.
ѓ) Контактирање со нашите вработени
По телефон, e-mail, контакт-форма или социјални мрежи – обработуваме податоци релевантни за одговор/помош (име, e-mail, телефон, адреса).
е) Аплицирање за работа/практикантство
Доставување CV значи согласност за обработка на доставените податоци за целите на можен ангажман и контакт.
ж) За време на посета (колачиња)
Користиме неопходни механизми и, по согласност, аналитички колачиња/складирања (Microsoft Clarity). Детали во Политика за колачиња.
5.2 Податоци доставени од трети лица (вкл. најави преку социјални мрежи)
Може да доставиш податоци на трети лица (адреса за испорака на друго лице). Ќе сметаме дека имаш нивна согласност. При најава преку Facebook/Google може да ни биде пренесена твојата e-mail адреса согласно нивните политики; од моментот на прием, ние сме контролор.
6. Цели на обработка
- Извршување на продажба и испорака на производи.
- Извршување на платежни трансакции.
- Почитување законски обврски и остварување законски права (повлекување од договор, приговор, откажување и сл.).
- Регистрација и администрирање на корисничка сметка.
- Одговарање на прашања и барања до поддршка.
- Подобрување на веб-страницата и услугите.
- Директен маркетинг (со согласност), лојалност, наградни игри, ваучери.
- Овозможување користење на BioShop лојалти клубот.
- Регистрација на продавница на трговец и комуникација.
- Можен работен ангажман.
- Цели дефинирани во Политика за колачиња.
7. Правна основа за обработка
- Согласност – за директен маркетинг, лојалност, ваучери, колачиња (по избор), CV и сл. Согласноста можеш да ја повлечеш во секое време преку линк за одјава во пораките или со барање на contact@bioshop.mk или n.rogleva@bioshop.mk.
- Договор – извршување продажба, испорака, членство во лојалти клуб.
- Законска обврска – обврски од Законот за заштита на потрошувачи, облигации, даночни/сметководствени прописи и сл.
- Легитимен интерес – подобрување на услуги, превенција на злоупотреби (со почитување на твоите права).
8. Обработувачи и трети лица
Можеме да откриваме податоци на: наши поврзани субјекти во РСМ, вработени, трговци (чија стока ја купуваш), маркетинг/истражување компании (со согласност), даватели на ИТ и хостинг, курирски служби, давател на платежни услуги (банка), центар за повици, државни органи кога е законски неопходно. Овие лица имаат пристап само до податоци потребни за конкретната задача и не смеат да ги користат за други цели.
9. Период на чување
- Податоци врз основа на закон – согласно важечки прописи (пример: документација поврзана со продажба/фактури до 5 години; поединечни права до 2 години по остварување, ако е применливо).
- Договорни односи/лојалност – додека сметката/членството е активно или до 5 години од последна активност.
- Согласност (директен маркетинг, колачиња, CV) – додека не ја повлечеш, а најдоцна 5 години од последна активност.
10. Твои права
- Пристап – дали обработуваме податоци за тебе и копија од истите.
- Исправка/Дополнување – неточни или нецелосни податоци.
- Бришење – кога не се повеќе неопходни, повлечена согласност, незаконска обработка и др.
- Ограничување – во случаи предвидени со Закон.
- Преносливост – добивање и пренос на податоци до друг контролор (кога се темели на согласност или договор и е автоматизирано).
- Приговор – на обработка заснована на легитимен интерес/директен маркетинг.
- Автоматски одлуки – право да не се применува одлука само врз основа на автоматска обработка која произведува правни последици или значително влијае.
Барања испрати на: n.rogleva@bioshop.mk или contact@bioshop.mk. Во мобилната апликација можеш да го користиш и правото „Избриши сметка“ (ако е достапно).
11. Постапка во случај на повреда на лични податоци
Доколку повредата може да предизвика висок ризик за правата и слободите, без одлагање ќе те известиме согласно Законот. Во случај на повреда што може да предизвика ризик, ја известуваме Агенцијата за заштита на личните податоци без непотребно одлагање, а по можност во рок од 72 часа од сознание за повредата, на incident@privacy.mk или преку eprijavi.privacy.mk.
12. Линкови до веб-страници и услуги на трети страни
Нашата страница може да содржи линкови до веб-локации на трети страни (на пример: Банка, доставувач, социјални мрежи). Ние не одговараме за нивните политики. Пред да споделиш податоци, те советуваме да ги прочиташ нивните политики за приватност. Ако пристапиш до нашата страница преку спонзорирана реклама на Facebook или Instagram, може да се обработат податоци за твојата посета од овие платформи доколку имаш сметка – за да го избегнеш тоа, одјави се од сметката пред да кликнеш.
13. Доверливост и транспарентност
Твоите лични податоци се третираат доверливо. Пристап имаат само лица на кои им се неопходни за работните задачи и само во обем потребен за извршување на работата. Оваа Политика е достапна на нашата веб-страница, а измените ќе бидат објавени таму.
Контакт
БИОШОП ДООЕЛ Скопје
бул. Борис Трајковски бр. 140, 1000 Скопје
E-пошта: contact@bioshop.mk · Офицер за ЗЛП: n.rogleva@bioshop.mk