Право на откажување
Последно ажурирање: 09.09.2025
Согласно важечките прописи за заштита на потрошувачи, имаш право да се откажеш од купување, како и да извршиш враќање или замена на производ, под услов да се исполнети условите наведени подолу.
1. Рок за откажување/враќање
Купувачот има право да врати купен производ во период од 15 дена од датумот на испорака/прием. Правото на откажување може да се искористи и без наведување причина, доколку се исполнети условите во оваа политика.
2. Услови за враќање и состојба на производ
- Производот мора да биде во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван.
- Мора да ги содржи сите етикети, ознаки и оригинална амбалажа како при прием.
- Потребно е да се приложи фискална сметка или Фактура-испратница издадена заедно со производот.
3. Замена на производ со соодветен квалитет
Според Законот за заштита на потрошувачите, купувачот има право да го замени производот што има соодветен квалитет, а не одговара според форма, големина, модел, боја или број, во рок од 15 дена од денот на купувањето.
Замена е возможна ако производот не бил употребуван и доколку се сочувани изгледот, употребните својства, пломбите и фабричките етикети.
4. Постапка за откажување/враќање
- Извести нѐ по e-пошта или телефон во рокот наведен погоре и наведи број на нарачка, производ и причина (по желба).
- Спакувај го производот во оригиналната амбалажа со сите додатоци и документација и приложи фискална сметка/фактура-испратница.
- По инструкција од наша страна, искористи курирска служба или донеси го производот до договорена адреса/пункт.
5. Враќање на средства (рефундација)
По прием и преглед на производот, доколку се утврди дека е во соодветна состојба согласно оваа политика, ќе извршиме враќање на средствата.
Доколку во моментот на поднесување на барањето немаме соодветен производ за замена, имаш право по свој избор да бараш раскин на договорот и враќање на платениот износ.
6. Напомена
КУПУВАЧОТ Е ЗАПОЗНAЕН И СОГЛАСЕН со Условите и правилата за користење на интернет-страницата на БИОШОП ДООЕЛ и се обврзува да ги почитува во целост.
Контакт
БИОШОП ДООЕЛ Скопје
бул. Борис Трајковски бр. 140, 1000 Скопје
E-пошта: contact@bioshop.mk · Телефон: +389 71 333 293